„Гленкор“ и Суверениот фонд на Катар ќе поседуваат 19,5% од акциите во руската нафтена компанија „Роснефт“ како резултат на неочекуваниот договор ода 10,5 милијарди евра, што означува триумф на претседателот Владимир Путин“, пишува весникот „Фајненшел Тајмс“.
Како што потенцира весникот „Гардијан“, веста за договорот стана „изненадување за пазарите“, затоа што компанијата неодамна поради ниските цени на производите се бореше со товарот на долгот кој во еден момент достигна 30 милијарди долари. На очекувањата на пазарите не влијаеше ниту фактот дека извршниот директор на „Гленкор“ во декември изјави дека активните постапки за намалување на расходите се завршени.
„(Првиот човек на „Роснефт“ Игор) Сечин изјави еден претходно дека кинеските и казахстанските кандидати, најверојатно, ќе добијат удел во компанијата, но „Гленкор“ и Катарскиот суверен фонд се појавија од никаде за да понудат поповолни услови“, истакнува списанието „Форбс“.
Според „Дејли Телеграф“, швајцарскиот „Гленкор“ и Катарскиот суверен фонд „станаа првите меѓународни инвеститори кои се стекнале удел во најголемата руска нафтена компанија откако врз економијата на земјата беа наметнати санкции“.
„Фајненшел Тајмс“ забележува дека договорот е направен „без оглед на финансиските и технолошките санкции против „Роснефт“, кои требаше да ги одвратат западните компании од учество во продажбата на акциите на рускиот производител на нафта, и покрај тоа што тие (санкциите) не го забрануваат тоа“.
И агенцијата „Блумберг“ ја нарекува зделката „неочекувана“ и истакнува дека поради неа санкциите на ЕУ изгледаат „многу изветвени". Од друга страна, „Вол Стрит Џурнал“ истакнува дека договорот е „добра“ за претседателот на Русија, „чија земја се наоѓа под санкции на САД и ЕУ“ поради ситуацијата во Украина.
Претходно првиот човек на „Роснефт“ Игор Сечин го информираше рускиот претседател Владимир Путин за завршување на приватизацијата на компанијата. Стратешки инвеститор станаа конзорциумот на компаниите „Гленкор“ и Катарскиот суверен фонд. Во буџетот од приватизацијата на „Роснефт“ треба да се слеат 10,5 милијарди евра, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче