Украина ги пресмета загубите во случај на реален конфликт со Русија

Началникот на Генералштабот на украинската војска Виктор Муженко проценува дека во случај на „надворешна агресија“ за десет дена од борбените дејствија, вкупните загуби на украинските вооружени сили можат да достигнат од 10 до 12 илјади луѓе.

Во случај на „надворешна агресија“ за десет дена од борбените дејствија, вкупните загуби на украинските вооружени сили може да достигнат од 10 до 12 илјади луѓе, изјави Виктор Муженко, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Украина.

„Според нашите пресметки и прогнози, за десет дена од операцијата за одвраќање на агресија од големи размери, вкупните загуби би можеле да достигнат од 10 до 12 илјади луѓе. За да се разбере оваа страшна бројка, би можеле да ги наведеме и следниве податоци, од почетокот на спроведувањето на Антитерористичката операција загинаа 3064 луѓе од воените структури, од кои 2636 војници на ВС Украина (2148 - загуби во битка). Ранети се 10753, вклучувајќи и 8897 припадници на ВСУ (во моментот кога е дадено интервјуто, крајот на ноември)“, пишува Гласот на Украина.

Муженко на 23 ноември изјави дека воените сили се во состојба да пружат отпор на руска „агресија од големи размери“.

Командантот на украинскиот баталјон „Азов“ Андреј Билецки претходно изјави дека Русија, доколку би сакала, би можела да ја промени ситуацијата на југоистокот на Украина за еден миг и дека украинската војска повторно би се „измила со крв“ доколку Москва го доведе конфликтот во критична фаза, пренесува „Взгљад“.

Поранешниот претседател на Државната Дума на РФ Сергеј Наришкин претходно изјави дека доколку Русија навистина би војувала со земја која според воениот потенцијал би можела да се спореди со Украина, тој конфликт би можел да потрае најмногу четири дена.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња