Наришкин објасни колку би траела евентуалната војна со Украина

Кога Русија би била принудена да војува со некоја земја, која според целиот свој потенцијал би можела да се мери со Украина, таквиот конфликт би траел максимум четири дена, изјави претседателот на Државната дума Сергеј Наришкин на средбата со учесниците на Руско-германскиот семинар, коментирајќи го обраќањето на политикологот Александар Рар.

„Александар, мислам дека вие сте реален политичар и дека не им верувате на изјавите на украинското политичко раководство дека Украина војува со Русија. Доколку Русија поради некоја причина би била принудена на реализација на борбени дејствија и одбивање на агресијата на некоја земја, која според својот потенцијал би можела да се спореди со Украина, се надевам дека сите сфаќаат колку би можел да трае тој конфликт – два, три, а најмногу четири дена. Впрочем, на сите им е јасно каков би бил исходот од тој конфликт“, нагласи Сергеј Наришкин.

„A она што се случува во Донбас се случува веќе две години. Ете Ви го одговорот на прашањето со кого таму војува киевскиот режим“, рече Наришкин.

Тој нагласи дека Русија, исто како и Германија, е меѓународен посредник или гарант на исполнувањето на „Минската спогодба“, пренесува РИА „Новости

„Како што рековте, Русија сега води три војни – во извесна мера е вклучена во три вооружени конфликти. За да биде сликата целосна, треба да се каже дека во токму тие три вооружени конфликти и притоа практично во ист статус учествува и Германија“, рече претседателот на Државната дума.

„Во Нагорно Карабах Русија, како и Германија, е присутна во најширока смисла како членка на Минската група на ОБСЕ. Притоа, ќе потсетам,  Германија е претседавач со ОБСЕ, па затоа нејзината одговорност е поголема“, смета Наришкин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња