Во Махачкала ликвидиран првиот човек на ИД за Северен Кавказ

Во Дагестан ликвидиран Абу Мухамад, лидер на „Исламската држава“ за Северен Кавказ.

Припадниците на Федералната служба за безбедност на Русија заедно со МВР РФ ликвидираа во Махачкала лидер на банда и негови помошници, соопшти ФСБ на својот сајт.

Водачот на бандата Рустам Аселдеров, роден 1981 година, познат како Абу Мухамад, беше лидер на групата „Имарат Кавказ“ – одделение на „Исламската држава“. Заедно со него се ликвидирани и четворица милитанти од неговото опкружување.

Милитатните, кои се криеја во селото Талги, во предградијата на Махачкала, беа ликвидирани откако одговорија со оган од огнено оружје на повикот да се предадат. На местото на судирот припадниците на безбедносните служби одзедоа оружје и големо количество муниција и експлозиви.

Аселдеров стана лидер на дагестанската ќелија на „Имарат Кавказ“ во 2012 година, откако поранешниот лидер Ибрагим Даудов беше ликвидиран. Според информациите на ФСБ, Аселдеров е вмешан во низа терористички акти, меѓу кои се и експлозиите на железничката станица и тролејбус во Волгоград во 2013 година, неколку терористички акти во Дагестан во 2011 година и кон двојниот терористички напад на патот Астрахан-Махачкала во 2012 година, соопштува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња