Можности за изолација на Русија нема, потребно е да се градат односите со неа, изјави во петокот генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, говорејќи во германскиот Маршалов фонд во Брисел.
„Ние не можеме да ја изолираме Русија и затоа треба да изградиме дијалог со неа. Моите средби со министерот Лавров потврдуваат дека Русија е отворена за тоа“, изјави Столтенберг, пренесува ТАСС.
„Русија е нашиот најголем сосед и тоа е повеќе од доволно. Ние треба да разговараме за тоа како да избегнуваме вооружени инциденти, и како да направиме во случај на инцидент ситуацијата да не излезе надвор од контрола. Тоа е особено важно во периодите кога тензиите во односите се високи“.
Тој исто така истакна дека НАТО ја разгледува со Русија можноста за реформа на Виенскиот документ на ОБСЕ за контрола на воените активности и вежби во Европа.
„Русија ги користи дупки во законот и врши значителен број на ненајавени вежби, избегнувајќи меѓународна контрола. Токму затоа ние сметаме дека е неопходна модернизација на Виенскиот документ“, рече Столтенберг.
Во вториот дел од својот говор, Столтенберг ја вклучи Русија меѓу предизвиците за безбедноста на Алијансата, истакнувајќи дека „Русија денес се наоѓа не само на исток, туку и на југ, каде што е застапена во Сирија.
„Затоа денес разликите меѓу предизвиците за безбедноста (на НАТО) на исток и на југ не се толку очигледни“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче