НАТО ќе ја зголеми борбената готовност поради „агресијата“ на Русија

Раководството на НАТО има намера да подготви доволен број на копнени сили кои би можеле да се спротивстават на „руската агресија“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

НАТО планира да го зголеми степенот на борбена готовност на „стотици илјади војници“ во услови на растечките тензии со Русија, соопштува „Тајмс“ повикувајќи се на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Како што истакнува весникот, раководството на НАТО има намера да подготви доволен број на копнени сили кои би можеле да се спротивстават на „руската агресија“.

Столтенберг изјави дека Алијансата со години гледала како Русија ја зголемува воената моќ, како и дека активно користи пропаганда меѓу неговите сојузници. Ова е причината зошто НАТО е „принудено да ѝ одговори“ на Москва со најзначително зајакнување на колективна безбедност уште од крајот на Студената војна, потенцираше тој.

„Во војските на земјите-членки на НАТО служат доволно луѓе. Во моментов разгледуваме мерки кои би овозможиле да се намали времето за распоредување на што е можно поголем број на овие војници“, истакна генералниот секретар на НАТО.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња