Според информациите на безбедносните структури, терористичката група, која се состои од лица со потекло од Централна Азија, подготвувала серија терористички напади со употреба на автоматски пушки и експлозиви на места каде масовно се собираат луѓе.
Во текот на операцијата се одземени четири самоделни експлозивни направи, иницијални каписли, огнено оружје, муниција, како и средства за комуникација.
Операцијата е спроведена со поддршка на МВР Русија и во соработка со специјалните служби на Таџикистан и Киргизија.
Од ФСБ додадоа дека приведените веќе даваат изјави во кои признаваат дека имале контакти со лидерите на „Исламската држава“ на Блискиот Исток, а исто така ги признале своите цели и ги откриле помагачите како во Русија, така и во странство, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче