Во Севастопол приведени украински диверзанти

Во Севастопол се приведени украински диверзанти кои подготвувале напади врз воени објекти на Крим, соопшти ФСБ Русија.

„Федералната служба за безбедност на 9 ноември во градот Севастопол приведе членови на диверзантско-терористичка група на главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, кои планирале диверзантски акции на објекти на воената инфраструктура и за снабдување со вода и електрична енергија на полуостровот Крим“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Во текот на претресот, припадниците на безбедносните сили заплениле од приведените експлозивни направи со висока моќност, оружје и муниција, специјални средства за комуникација, како и карти-шематски прикази на објектите врз кои се претпоставува дека требало да бидат извршени диверзиите, истакнуваат од тајната служба.

Во моментов продолжуваат истражните активности, а припадниците на специјалните служби го решаваат прашањето за избор на мерките за притвор на приведените.

Киев ја негираше информацијата за приведувањето на украински војници во Севастопол. Официјален претставник на Министерството за одбрана на Украина за воената операција во Донбас Андреј Лисенко го нарече соопштението на ФСБ „потполно лажно“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња