Руското општество мора да се справи со современите предизвици и закани следејќи ги духовните завети кои ги остави кнезот Владимир, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.
„Неговата епоха беше време на значајни настани, но најважниот, пресудниот клучен настан беше, се разбира, примањето на христијанството“, изјави рускиот претседател на церемонијата на откривањето на споменикот на кнезот Владимир во Москва.
Според шефот на руската држава „овој избор стана заедничка духовна почетна точка за народите на Русија, Белорусија и Украина“ и ги „постави моралните и вредносните основи кои го дефинираат нашиот живот до ден-денес“. „Токму силната морална основа и единството овозможија нашите предци да ги совладаат тешкотиите, да живеат и да победуваат во слава на татковината, од генерација во генерација да ја јакнат нејзината моќ и духовната величина“, истакна Путин, пренесува РИА „Новости”.
„И денес е наш долг заедно да се исправиме со современите предизвици и закани, потпирајќи се на духовните завети, на бесценетите традиции на единството и слогата, да се движиме напред, обезбедувајќи траење на нашата илјадагодишна историја“, додаде Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче