Асад: Русија и САД не можат да бидат сојузници во Сирија

Претседателот на Сирија Башар Асад објасни зошто Русија и САД не можат да бидат сојузници во борбата против тероризмот во Сирија.

Москва и Вашингтон во моментов не можат да се договорат за Сирија и да бидат сојузници во борбата против тероризмот, изјави претседателот на Сирија Башар Асад во интервју за српскиот весник „Политика“.

„Се надеваме на тоа, но во реалноста тоа е невозможно. Поради едноставна причина – Русите ја градат својата политика врз достоинство имајќи ги предвид своите интереси. Тоа достоинство се изразува преку почитување на меѓународните закони и нивната борба со тероризмот. Од своја страна Американците ја градат својата политика врз целосно спротивни вредности, кои вклучуваат и поддршка за терористите“, ги цитира зборовите на Асад сириската национална агенција САНА, пренесува РИА „Новости“.

Претседателот на Сирија објасни дека САД ги користат терористите „како карта во политичката арена, користејќи ги за свои лични цели за сметка на други држави“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња