Во американскиот Сенат го обвинуваат Доналд Трамп за врски со Русија

Американски сенатор бара ФБИ да ги обелодени информациите со кои располага за врските на Доналд Трампп со руската влада.

Лидерот на Демократската партија во САД Сенатот Хари Рид побара од шефот на Федералното биро за истрага (ФБИ) Џејмс Коми да ги објави информации за врските на кандидатот на републиканците Доналд Трамп со руските власти.

„Во моите контакти со вас и други високи функционери во сферата на националната безбедност, стана јасно дека имате сензационални информации за блиските врски и координацијата на Доналд Трамп и неговите клучни советници со руската влада“, се вели во писмото на Рид до шефот на ФБИ објавено на веб страната на сенаторот .

„Јавноста има право да ги добие овие информации. Ви пишував пред неколку месеци и ве повикав да ги објавите тие информации. Тоа во никој случај не ги загрозува американските интереси. Но вие сепак одбивате да ја објавите оваа исклучително важна информација“.

Хари Рид исто така го обвинува Коми, кој порано беше член на Републиканската партија, дека применува двојни стандарди кога станува збор за доверливи информации.

„Веднаш штом ќе добиевте било какви инсинуации во врска со Хилари Клинтон, веднаш ги објавувавте во јавност, претставувајќи ја во најнегативно светло“, пишува Рид, пренесува „Комерсант“.  „Очигледните двојни стандарди, кои можеме да ги забележиме во вашите потези, ни даваат за право да претпоставиме дека вашиот селективен пристап во објавувањето на информации има за цел успех или пораз на одреден кандидат или политичка група“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња