Дејствувајќи по принципот „за победа сите методи се добри, без разлика колку лошо мирисаат“ раководството на демократската партија реши сопствениот внатрепартиски срам да ги претвори во електорална предност.
Станува збор за скандалот со Викиликс со преписката на раководителите на Националниот комитет на партијата кој избувна наспроти националната конвенција за предлагање кандидат за претседател. Излезе (а, вакви сомневања постоеја и претходно) дека кабинетот на партијата на секој можен начин го попречувала чесното спроведување на прајмерисот, работејќи против Берни Сандерс во полза на Хилари Клинтон. Претседателката на Националниот комитет на демократите, која е замешана во валканата приказна со користењето на „административниот ресурс“, Деби Васерман Шулц беше принудена да си даде оставка веднаш по конвенцијата.
И сега, како некои руски ура-патриоти кои секогаш за сè го обвинуваат американскиот Стејт департмент, така и американските демократи објавија дека хакерскиот напад на партиската преписка е дело на Путин. А, имено, руски хакерски групи кои работат или за Федералната служба за безбедност или за военото разузнавање. Тезата ја застапуваат Федералното биро за разузнавање и видни членови од кабинетот на Барак Обама. Новинарите од пулот на државниот секретар Џон Кери извикаа прашање-обвинување кон Сергеј Лавров за време на преговорите во Лаос. За ова тие беа фактички „отерани“ од Сергеј Викторевич, кој на англиски рече дека не сака „да го искористи зборот од четири англиски букви“.
Во исто време претседателот Обама запре на половина чекор од изнесување официјални обвинувања на адреса на Москва. „Сè е можно“, само рече Обама кога го прашаа дали Русите би можеле да влијаат на американските избори и да ги наведат избирачите да гласаат за Трамп. „Доналд Трамп во повеќе наврати изрази восхитување кон Владимир Путин. Мислам дека во Русија мошне благопријатно ја следат кампањата на Трамп“, додаде тој.
Излегува дека една од основните смисли на предизборната кампања на САД, како што произлегува од толкувањето, е да се избере таков претседател на САД, кому нема да му биде мил претседателот Путин. Америка нема поважни проблеми.
Не можеше да премолчи од својот руски политички азил Едвард Сноуден. Тој потсети дека Агенцијата на националната безбедност и ЦИА поседуваат програма XKeyscore, која постои уште од 2013 година и која овозможува точно да се определи од каде точно доаѓа хакерскиот напад. Во свое време, кога стануваше збор, да кажеме, за влегувањето на хакерите од Кина на сајтот на Сони, беше направено истото. Администрацијата на САД сега во основа се ограничува на алузии или во своите обвинувања се повикува на приватни компании кои се специјализирани во областа на сајбер безбедноста.
Како и да е, користењето на толку чудно оружје против Трамп, како што се сопствените валкани алишта, може да има непредвидливи последици за демократите.
Како прво, на писмените политтехнолози им е познато: вишокот „негативна кампања“, оцрнувањето, како што велат во Русија може да доведе до обратен ефект: оној што опонентите го претставуваат како претставник на пеколот од определен момент ќе почне да собира гласови, не може некој да биде „оцрнуван“ толку бескрупулозно. И Трамп сега за првпат ја премина Клинтон за 3-5% според анкетите.
Како второ, како што забележа во одговорот на обвинувањата на демократите еден од идеолозите на републиканската десница Патрик Бјукенен, Америка „самата прва почна“ да се вмешува во политиката на другите земји, уште од времето на студената војна, користејќи притоа различни некомерцијални организации (што од своја страна предизвика возвратна реакција за ограничување на нивната активност, меѓу другото во Русија, во Кина, а од неодамна и во Израел), така и различни методи на прислушување и на Интернет-следење.
Освен тоа, како што вели Бјукенен, доколку Русите навистина влегле во преписката на демократите, тогаш тие треба да бидат номинирани за Пулицерова награда за новинарство – за обелоденување на валканите методи на манипулација и подривање на принципите на чесни избори.
Имено така на почетокот од седумдесеттите години од минатиот век постапи „Њујорк тајмс“, објавувајќи тајни документи на администрациите на Кенеди и на Џонсон за подготовката на Виетнамската војна – беа обелоденети мошне валкани методи, меѓу кои и провокации. Имено за објавувањето на „документот на Пентагон“ весникот и доби Пулицерова награда во 1971 година. Зошто сега да не се награди Путин, се задева Бјукенен.
И јас се согласувам до некаде со него. Од објавените 20 илјади писма на претставниците на демократите од страна на Викиликс излегува дека Хилари Клинтон на прајзмерисот не победила чесно. И Трамп со тоа нема никаква врска. Исто како и Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче