Медиум: Секој трет Германец се плаши од војна со „Путиновата империја“

Резултатите од истражувањето на јавното мислење кое го спроведе институтот „Форса“ (Forsa) велат дека дури третина од германските граѓани сметаат дека затегнатоста во односите меѓу Москва и Западот може да прерасне во отворен воен судир, пишува германскиот магазин „Штерн“ (Stern), верувајќи дека токму поради тоа 84% од анкетираните сметаат дека стремежот на Меркел да го продолжи дијалогот со Путин е правилен.

Во своето најново истражување институтот „Форса“ спроведе анкета меѓу германските граѓани за актуелните односи меѓу Русија и Западот, пишува „Штерн“.

Како што се покажа, секој трет Германец се плаши од војна со „Путиновата империја“. Врз основа на анкетата 32 отсто од германските граѓани сметаат дека затегнатоста меѓу Москва и западните земји може да прерасне во отворена воена конфронтација. 64 отсто од населението на Германија не го дели нивното мислење, пишува магазинот.

Германското списание укажува на тоа дека дури 84 отсто од германските граѓани сметаат дека стремежот на канцеларката Ангела Меркел да го продолжи дијалогот со Владимир Путин е правилен. Благодарение на тоа што минатата недела таа го прими во Берлин шефот на руската држава, Меркел доби пофалба од Зелените (95 отсто) и Левите (92 отсто). 

Како што истакнува „Штерн“, дури 87% од приврзаниците на Алтернатива за Германија ѝ оддале признание на канцеларката поради споменатиот факт.

Резултатите од истражувањето покажаа дека само 14 отсто од Германците сметаат дека во моментов преговорите со рускиот претседател немаат смисла, пренесува порталот РТ на руски.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња