Москва загрижена што „Ан Нусра“ не го напушта Алепо

Терористите ги саботираат напорите на ОН за испорака на хуманитарна помош во Алепо и користат закани, уцени и груба сила за да го спречат излегувањето на цивилите од источно Алепо, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Москва е загрижена поради фактот што милитантите на терористичката организација „Џебхат ан Нусра“ одбиваат да го напуштат Алепо, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров.

„Многу сме загрижени што, и покрај гестовите на добра волја што ги направија Москва и Дамаск, гледаме како милитантите на „Џебхат ан Нусра“ одбиваат да излезат од градот“, изјави тој, пренесува „Интерфакс“.

Според Лавров, освен тоа, терористите „со употреба на закани, уцени и груба сила го попречуваат излегувањето на цивилното население од источен Алепо“.

Министерот истакна дека милитантите го попречуваат и „излегувањето на они милитанти кои одговорија на можностите кои ООН, Русија и сириската влада им ги дадоа за да го напуштат тој реон и да престанат со самото тоа да соработуваат со терористите“.

Тој исто така потсети дека терористите ја саботираат испораката на хуманитарната помош во Алепо.

„И „Џебхат ан Нусра“, и „Арар аш Шам“ и другите организации кои соработуваат со нив, во суштина, ги саботираат напорите на ООН, со наша поддршка, со поддршка на сириската влада да воспостават испорака на хуманитарна помош во источен Алепо, директно ги гранатираат патиштата по кои таа хуманитарна помош може да пристига“, изјави шефот на руската дипломатија.

 


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња