Шојгу: Русија ќе ја продолжи „хуманитарната пауза“ во Алепо за уште 24 часа

Русија ќе ја продолжи „хуманитарната пауза“ во сириски Алепо уште за 24 часа, изјави министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу.

„Продолжувањето на „хуманитарната пауза“ во Алепо е поддржано од раководството на Сириската Арапска Република“, додаде министерот, пренесува РИА „Новости“.

ООН, од своја страна, сметаат дека хуманитарната пауза во источен Алепо ќе трае четири дена и ќе помогне да се евакуираат од градот стотици ранети и болни заедно со нивните семејства. Според специјалниот пратеник на ООН за Сирија Јан Егелан, организацијата има намера деновиве да испрати во Алепо и лекови и храна.

Претходно терористите стрелаа врз цивилите кои се обидуваат да го напуштат Алепо преку хуманитарниот коридор во реонот на Бустан ал-Каср. Неколку цивили беа ранети. Беше соопштено дека терористите од „Џебхат ан Нусра“ се заканиле дека ќе ги стрелаат сите кои ќе посакаат да го напуштат источен Алепо.

Генералштабот на ВС РФ истакна дека „хуманитарната пауза“ ќе им овозможи на цивилите и претставниците на вооружената опозиција да го напуштат градот. Севкупно има два коридори за излез на милитантите и шест за цивилите. Кремљ дозволи продолжување на „хуманитарната пауза“ под услов терористите да не ја искористат за свои цели.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња