Претседателот на Русија Владимир Путин ќе учествува на средбата на лидерите на „Нормандиската четворка“ во Берлин на 19 октомври, изјави за „Интерфакс“ информиран извор во Москва.
„Претседателот Путин ќе учествува на средбата во Берлин“, изјави соговорникот на агенцијата.
Информацијата сѐ уште не е потврдена од официјален Кремљ.
Денеска прес-службата на претседателот на Украина соопшти дека Петро Порошенко, претседателот на Франција Франсоа Оланд и канцеларката на Германија Ангела Меркел се договориле да одржат средба во среда во Берлин.
„Соговорниците се договорија да одржат на 19 октомври во Берлин средба на шефовите на државите во „Нормандиски формат“ за поттикнување на Русија да ја исполни „Минската спогодба“ во делот на политиката на безбедност“, се вели во денешното соопштение објавено на сајтот на Порошенко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче