Во Донецк загина легендарниот командант на доброволците Моторола

Министерството за одбрана на самопрогласената ДНР потврди дека загина еден од командантите на доброволечките одреди на Донецката Народна Република Арсениј Павлов - Моторола.

Министерството за одбрана на самопрогласената ДНР потврди дека загина еден од командантите на доброволечките одреди на Донецката Народна Република Арсениј Павлов – Моторола.

Според информациите, Моторола загина како жртва на терористичка акција на украинска диверзантско-разузнавачка група. Тој настрада кога се враќал дома, кога во лифтот во зградата во која живеел далечински е активирана експлозивна направа, соопшти воениот ресор на ДНР.

Од Министерството за одбрана на самопрогласената ДНР додадоа дека во градот е засилен антитерористичкиот режим.

Претходно за загинувањето на Арсениј Павлов соопшти извор, пренесува агенцијата „Рамблер“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња