Москва многу долго покажуваше „стратешко трпение“ во однос на постапките на Вашингтон, но во моментов во односите меѓу РФ и САД настанаа коренити промени, изјави шефот на руското МНР Сергеј Лавров, пренесува РИА „Новости“.
„Тоа е, според мене, факт“, изјави Лавров во интервју за „Прв канал“ како одговор на барањето да ги коментира изјавите дека во руско-американските односи се случиле коренити промени.
„Ние, искрено кажано, го покажувавме многу долго она што Американците го нарекуваат „стратешко трпение“, зашто едностраното влошувањето на односите од страна на Американците почна долго пред Украина. Ние зборувавме за тоа“, додаде министерот Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче