Шарапова се враќа на терените во април

Руската тенисерка Марија Шарапова изјави дека првично Меѓународната тениска федерација (ITF) планирала да ја дисквалификува на 4 години.

Руската тенисерка Марија Шарапова изјави дека првично Меѓународната тениска федерација (ITF) планирала да ја дисквалификува на 4 години и смета дека во настанатата ситуација претставниците на федерацијата не биле неутрални.

Освојувачката на пет Гренд-слем турнири во март беше суспендирана од понатамошни настапи на натпреварувањата поради допинг. Првичната забрана за настап се однесуваше две години, почнувајќи од 26 јануари 2016 година. Во вторникот Судот за спортска арбитража (CAS) го намали тој рок на 15 месеци, пренесува РИА „Новости“.

„Првично ITF сакаше да ми даде четири години“, изјави Шарапова во интервју за Чарли Роуз на телевизијата Пи-Би-Ес. „Притоа на сослушувањата во ITF јас знаев дека луѓето на кои им раскажувам за настанатата ситуација беа одбрани од оние против кои се борев. Не мислам дека тие се однесуваа спрема ситуацијата неутрално“.

„Бев изненадена кога во март, лежејќи си на креветот, добив писмо во кое препаратот што го земав 10 години легално наеднаш се најде под забрана. Потоа се изненадив, зошто не знаев за забраната, затоа што постоеја многу различни начини да дознам. Имав многу време да размислам за тоа“, додаде Шарапова.

По одлуката на CAS за намалување на рокот за дисквалификација Шарапова ќе може да настапува на турнирите од 26 април 2017 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња