Бурни реакции во Русија по објавувањето на податоците на WADA

Серена Вилијамс (САД) реагира во мечот со Каролина Плискова (Чешка) во текот на полуфиналниот натпревар на Отвореното првенство на САД во тенис. 8 септември 2016, Њујорк, САД.

Серена Вилијамс (САД) реагира во мечот со Каролина Плискова (Чешка) во текот на полуфиналниот натпревар на Отвореното првенство на САД во тенис. 8 септември 2016, Њујорк, САД.

Getty Images
Репутацијата на WADA е сериозно разнишана. Руската јавност ја искритикува Светската антидопинг агенција кога познатата група хакери Fancy Bears објави доверливи податоци од оваа организација.

Бран критики за светската антидопинг агенција (WADA) поради „двојните стандарди) се појави на рускојазичниот Интернет откако хакерската група Fancy Bears на својот сајт објави доверливи документи од хакираната база на податоци на WADA.

Очигледно е дека мета на хакерскиот напад на Fancy Bears биле американските спортисти, но руските корисни на Интернетот се крајно незадоволни од постапката на WADA која за определени американски спортисти направила исклучок и им дозволила да користат некои забранети препарати,

Станува збор за репутацијата

Како и во случајот со веќе познатото хакирање на податоците на Демократската партија на САД, Кремљ категорички ја отфрла вмешаноста на Русија во хакерските напади на агенцијата WADA. „Сигурно е дека не може да стане збор за каква било вмешаност на официјална Москва, на руската влада и на која било служба во една ваква акција. Тоа е целосно исклучено“, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, коментирајќи ги тврдењата дека Русија е вмешана во хакерскиот напад.

Мора да се констатира дека обелоденувањето на споменатите документи силно ја разниша репутацијата на WADA.

„Зарем повторно двојни стандарди? Кој сега си го извалка образот? Кој се залагаше за 'чист спорт'?, пишува корисникот @kormeev во репрезентативната публикација на Твитер.

WADA и со најновите настани го изгуби огледот во очите на многу граѓани на Русија поради допинг-аферата против руските олимпијци и параолимпијци, а сега, по обвинувањето за примена на двојни стандарди кон руските и кон американските спортисти, нејзината репутација е сосема разнишана.

Сестрите Вилијамс

Најбурна беше реакцијата на одлуката на WADA за да се направи исклучок за тенисерките Серена и Венус Вилијамс и да им се дозволи примена на забранети препарати. Хакираните фајлови на WADA содржат информации и за други спортисти, но токму случајот со сестрите Вилијамс предизвика најголем револт кај руската јавност.

Голем број граѓани на Русија се шокирани од веста дека WADA им дозволила на сестрите Вилијамс да користат определени забранети препарати во терапевтски цели, особено по двегодишната дисквалификација на руската тенисерка Марија Шарапова поради користење на мелдониум кој е на листата на забранети препарати од 1 јануари 2016 година.

„Се добива впечаток дека станува збор за тешки инвалиди, зашто им препишуваат сосема неверојатни комбинации на препарати кои имаат мошне силно дејство. Меѓу нив се и три наркотици за чие дилување и во Русија и во Европа следува висока затворска казна. Нашиот несреќен мелдониум за кој толку многу се зборување е ништо во споредба со овие монструозни наркотици“, истакна поранешниот шеф на Руската антидопинг служба Николај Дурманов во интервју за рускиот Прв канал.

Пртпаролката на Министерството за надворешни работи на РФ Марија Захарова прилично остро реагираше на својот Фејсбук-профил. „Би сакала да ја знам дијагнозата (на сестрите Вилијамс). Можеби ќе излезе дека Трапишчев не морал да се извинува“, пишува Захарова, имајќи го предвид извинувањето на претседателот на Руската тениска федерација Шамиљ Трапишчев поради шегата во која американските тенисерки ги нарече „браќата Вилијамс“.

Има корисници кои не ја поддржаа ваквата „директна“ изјава на официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни наслови, сметајќи дека „тоа не е коректно“, но во дискусиите под овој коментар на Марија Захарова, секако дека преовладуваше незадоволството од постапката на WADA.

Интересно е што високите државни официјални лица и познати политичари и спортисти главно не го коментираат хакерскиот напад врз WADA и откривањето детали, ами на Интернет-корисниците им препуштаат тие да го имаат главниот збор во дискусијата во врска со ова прашање.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња