Москва во вторникот предложи Советот за безбедност да го осуди минофрлачкиот напад на милитантите врз зградата на руската дипломатска мисија во Дамаск.
Како што изјавија за РИА „Новости“ во постојаното претставништво на Русија во ООН, Москва поднела во Советот за безбедност стандарден документ кој се усвојува во случај на напади врз дипломатски претставништва.
Предлогот наишол на незадоволство кај американската делегација која се обидувала да внесе во него „небитни елементи“, раскажаа дипломатите.
„На Американците несмасно им се додворуваа Англичаните и Украинците. Тоа сведочи за нивното несомнено непочитување на Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во изјавата на постојаното претставништво.
Руските дипломати потсетија дека Москва секогаш ги поддржувала таквите изјави кои се однесувале на напади против дипломатските мисии.
„Мора да констатираме дека моралните принципи на некои наши колеги во СБ се сериозно разнишани“, заклучија од постојаното претставништво на РФ во ООН.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче