Гранатирана руската амбасада во Дамаск

„Само благодарение на случајноста се случи никој од службениците во нашата амбасада да не настрада“, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

Терористите со минофрлачи ја гранатираа руската амбасада во Дамаск. Една граната експлодираше недалеку од станбениот комплекс каде беа службениците на дипломатската мисија.

МНР Русија соопшти дека инцидентот се случил вчера.

Истрелани се три гранати. Една од нив експлодирала покрај станбениот комплекс на територијата на дипломатската мисија, а две паднале недалеку од зградата, пренесува РИА „Новости”.

„ Само благодарение на случајноста се случи никој од службениците во нашата амбасада да не настрада“, соопшти МНР РФ, додавајќи дека зградата на дипломатската мисија е оштетена.

МНР РФ соопшти дека животите на дипломатите биле загрозени поради потезите на оние кои го разгоруваат конфликтот во Сирија.

„Тоа е последица од потезите на оние кои, како САД и нивните сојузници,  провоцираат продолжение на крвавиот конфликт во Сирија, флертувајќи со терористи и екстремисти од секаков вид“, се наведува во соопштението.

Дипломатите ја повикаа меѓународната заедница да одговори на „провокациите на злосторниците“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња