Конвој на Министерството за вонредни состојби на Русија испорача хуманитарна помош во Македонија наменета за жителите на подрачјата кои настрадаа во поплавите на почетокот на август годинава, соопшти прес-службата на МВС Русија.
„Во Скопје пристигна конвој со хуманитарна помош за населението на Македонија. Пет возила доставија генератори, пумпи за вода и прехранбени производи – конзерви со риба и месо“, истакна претставникот на министерството, пренесува „Интерфакс“.
Конвојот на МВС Русија патуваше цела недела од Русија до Македонија.
Помошта за Македонија е доставена по указ на владата на РФ и по барање на македонските власти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче