Како што изјави раководителот на Американската антидопинг агенција Тревис Тајгерт, Светската антидопинг агенција навистина им дозволила на сестрите Вилијамс, гимнастичарката Симони Бајлз и кошаркарката Елена Деле Дон да се допингуваат во „терапевтски цели“, потсетува во својот текст објавен на сајтот „На линија“ авторот Дмитриј Лекух.
„Споменатиот не само што го нарече неодамнешниот настан „подло кукавичко кибер-хулиганство спрема невините спортисти“, туку и ја повика меѓународната заедница да се обедини против кибер-нападите врз чистиот спорт и правата на спортистите“, истакнува авторот на текстот.
За да нема недоумица, потсетува Лекух, овде не станува збор за некаков невин мелдониум, со чија помош истиот тој Тревис Тајгарт ги плашеше не само руските спортисти, туку и со чија помош ВАДА успеа меѓу другото да ја суспендира и конкурентката на сестрите Вилијамс Марија Шарапова.
Станува збор за силни препарати, како што рече стручњакот за спортска медицина и поранешен шеф на руската антидопинг агенција Николај Дурманов, истакнувајќи дека, да кажеме, риталинот е моќен психостимуланс, патем кажано, забранет во Русија.
„Во Европа во некои земји за негова употреба се оди во затвора. Се зборува дека го користела Симона Бајлз. Сестрите Вилијамс се обвинети за употреба на оксикодон, хидропорфон....тоа е силен анестетик, па тука имаше и кортикостероиди и средства против астма. На кошаркарката Елена Дон ѝ е препишан амфетамин. Формално постојат документи кои дозволуваат употреба на препарати, но тие се многу јаки, а за нивна примена дијагнозите треба да бидат многу сериозни. Некои од тие препарати никако не им се даваат на олимписки шампиони, туку на одреден вид пациенти и тоа во завршна фаза. Треба да се слушне образложението како е можно таква комбинација да се нашла на Олимписките игри, макар и на легална основа. Амфетамин, оксикодон и хидроморфон, сето тоа се опијати, сродни на морфиумот и хероинот. Сличен е и риталинот, а нивниот промет е посебно регулиран“, изјави Дурманов.
Значи, не станува збор само за допинг, туку и за силни наркотици, сето тоа се психостимуланси, опијати...но сето тоа е легално, во рамките на пропишаната терапија“, пишува Лекух.
Kога на сестрите Вилијамс реално би им била потребна таква „терапија“, тие секако би лежеле на одделот за интензивна нега приклучени на апарати, а лекарот кој би им дозволил да учествуваат на натпреварувањата би бил кривично одговорен. Но тоа не е најважно, пишува Лекух, како ни тоа што дури ни лекарите не можат да одговорат од што всушност се лечи четирикратната олимписка шампионка во спортска гимнастика со помош на такви пеколни коктели.
Најважно е што во суштина си имаме работа со меѓународна група подеднакво одговорна за спортска и политичка корупција и за трговија со наркотици“, пишува Лекух на сајтот на „На линија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче