Во понеделникот, на 18 јули, првиот човек на независната комисија на Светската антидопинг агенција Ричард Мекларен изјави дека на зимската Олимпијада во Сочи во 2014 година руските спортисти масовно користеле средства за допинг, а функционерите им ги менувале нивните мостри за допинг со чисти. „Сите мостри што ги проверивме имаа траги на прикривање“, забележа Мекларен, кој во Торонто (Канада) ги презентираше резултатите од извештајот на Светската антидопинг агенција за манипулации со допинг на Олимпијадата во Сочи.
Светската антидопинг агенција започна истрага по скандалозното интервју на поранешниот руски функционер Григориј Родченков објавено во „Њујорк Тајмс“ на 13 мај. Поранешниот прв човек на Московската антидопинг агенција тогаш изјави дека на Олимпијадата во Сочи цела група руски спортисти користела средства за допинг и дека тие биле криени од руските специјални служби.
Како резултат на тоа извештајот на Светската антидопинг агенција се согласува со зборовите на Родченков. „Кај сите мостри што ги проверивме постои прикривање“, забележува Мекларен. Како и Родченков, Мекларен подвлече дека операцијата ја спроведувале руските специјални служби. „Федералната служба за безбедност го носела допинг-мострите од Москва во специјални ладилници во специјална лабораторија која била основана пред Олимпијадата. ФСБ вршела тајни операции“, изјави тој.
Според Мекларен, оваа шема функционирала од 2011 година и се применувала исто така и на светскиот шампионат во лесна атлетика во Москва во 2013 година на светскиот шампионат во игри на вода во Казањ 2015.
Еден ден пред обелоденувањето на извештајот на независната комисија на Светската антидопинг агенција „Њујорк тајмс“ и уште неколку други медиуми го имаа нацрт-обраќањето до претседателот на МОК Томас Бах со потпис на Антидопинг агенцијата на САД Тревис Тајгарт и на уште девет национални антидопинг комитети (Германија, Шпанија, Франција, Норвешка, Јапонија, Данска, Нов Зеланд, Канада и Швајцарија) и на 20 обединети спортисти.
Документот повикува да се дисквалификува целата репрезентација на Русија од Олимпијадата во Рио, доколку извештајот на Светската антидопинг агенција покаже дека државниот систем на Русија правел злоупотреба со средства за допинг. „Не можеме да останеме слепи на доказите што се пред нас и доколку не се подготвиме за сите потенцијални резултати, тогаш нема да го исполниме нашето ветување да ги исчистиме нашите атлети“, изјави за Ројтерс првиот човек на Антидопинг агенцијата на САД Тревис Тајгарт.
Олимпискиот комитет на Русија (ОКР) одговори на обраќањето до Антидопинг агенцијата на САД со писмо до МОК и до Светската антидопинг агенција, во која дејствијата на Антидопинг агенцијата ги квалификуваше како нарушување на Олимписката Хартија, а исто така изрази претпоставка дека детали од извештајот на Светската антидопинг агенција биле познати уште пред тие да бидат објавени. ОКР исто така побара инцидентот да биде разгледан на состанок на Комисијата за етика на МОК.
Загриженост поради можната дисквалификација на чистите руски спортисти од Олимпијадата во Рио изразија Меѓународната федерација за гимнастика, Меѓународната федерација за пливање, Меѓународната федерација за борење и Меѓународната федерација за ватерполо.
Формално извештајот на Мекларен нема врска со летните Олимписки игри. Самиот правник на Светската антидопинг агенција изјави дека нема да му дава препораки на МОК во врска со руската репрезентација на претстојната Олимпијада. Во РОК изјавуваат дека само извршниот комитет на МОК може да ја дисквалификува репрезентацијата и тоа со мнозинство гласови. „Тоа е теорија, со оглед на тоа што во практика никој во современата историја на олимпиското движење и во постоењето на Олимписката Хартија не бил подвргнат на оваа процедура“, забележува во интервју за ТАСС шефот на правната управа на ОКР Александра Брилијантова.
Рускиот член на МОК Виталиј Смирнов смета дека МОК нема да се реши на ваков чекор. „За МОК тоа ќе биде загуба што не се надоместува, затоа што единството на олимпиското движење е над сè. Да се казнува земјата за поединечни случаи е недозволиво. Тоа ќе биде огромна грешка. Не се сомневам дека МОК нема да донесе таква одлука. Во таа организација работам 45 години. Знам каков е таму распоредот на силите. Мислам дека ќе има прашања, но постои јасна позиција на раководството на МОК. Томас Бах изјави дека не треба резултатите на претставниците на групата зимски видови спорт да се префрла како одговорност на Олимпијадата во други видови спорт“, изјави Смирнов во емисија на телевизијата „Матч-ТВ“.
Во исто време претседателот на МОК Томас Бах реагираше цврсто на извештајот на Светската антидопинг агенција. „МОК нема да се штеди да ги преземе најстрогите казни против поединците или организациите кои се вмешани“, е наведено на официјалниот сајт на МОК. Претходно првиот човек на МОК изјави дека дисквалификувањето на репрезентацијата на Русија од Олимпијадата во Рио е малкуверојатна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче