Одржувањето на режимот на прекин на огнот во Сирија е сосем кревко и во моментов главната задача е разграничувањето на умерената опозиција од терористичките групи, без тоа понатамошен напредок е тешко возможен, изјави во средата портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.
„Несомнено, тоа дава надеж дека тоа ќе придонесе, се разбира, за мирно решение и ќе ја создаде неопходната атмосфера за политичко решение“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето како Кремљ го оценува почитувањето на договорот и дали тоа дава можност за надеж за поволен развој на настаните во Сирија, пренесува РИА „Новости“.
„Истовремено, несомнено, сега тој режим на прекин на огнот е сосем кревок и во моментов клучната задача е да се дочека разграничувањето на умерената опозиција од терористичките групи. Тоа е клучната задача без која, несомнено, понатамошниот напредок е тешко возможен“, додаде Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче