Концернот „Калашников“ на денеска отворениот саем „Армија 2016“ првпат ги претстави пробните модели на најновите снајперски пушки СВК и ВСВ-338, соопшти прес-службата на концернот.
Компактната автоматска снајперска пушка СВК, која е проектирана во согласност со желбите на активните снајперисти на специјалните сили на РФ, е изработена во две верзии: за рускиот куршум 7.62×54R (снајперска верзија) и за најпопуларниот на светот куршум за снајперски пушки 7.62×51 НАТО, пренесува РИА „Новости”.
Во тек е фабричко испитување на прототипот на новата пушка. Таа во иднина би требало да ја замени снајперската пушка „Драгунов СВД“.
Втората пушка е перспективната далекометна снајперска пушка ВСВ-338 за куршумот 338 „Лапуа Магнум“ (Lapua Magnum). Наменета е за воени и полициски снајперисти во сите временски услови за гаѓање на растојание до 1,5 километри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче