„Ја повикувам Русија да почне со намалување на тензиите и да престане со воената, политичка и финансиска поддршка на сепаратисите“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со заострувањето на конфликтот на истокот на Украина, пренесува „Н-ТВ“.
„Во последно време забележавме зголемување на гранатирањата во зоната на конфликт, пред сѐ од страна на доброволците поддржувани од Русија“, истакна Столтенберг, повикувајќи ги сите страни во конфликтот „да се вратат на преговарачката маса и да работат на мирно решение“.
Шефот на Алијансата исто така потенцираше дека ОБСЕ треба да добие „сигурен и слободен пристап до цела Украина“. НАТО спроведува во однос на Москва двојна стратегија: „НАТО ги засилува одбраната и застрашувањето, и во исто време сме подготвени за трезвен дијалог со Русија“. „Дијалогот со Русија ни овозможува јасно да ги означиме нашите позиции и да избегнеме недоразбирања и несреќни случаи“, објасни Столтенберг. Според него, „механизмите за регулирање на европската безбедност“ треба да бидат обновени. Тоа поврзано со фактот што „Русија прекрши низа меѓународни обврски“, резимира Сотлтенберг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче