Русија и Јужна Кореја со договор за нуклеарното прашање на Северна Кореја

Претседателот на Јужна Кореја Пак Кун Хе изјави дека се договорила со својот руски колега Владимир Путин да го засилат стратешкиот дијалог за севернокорејскиот нуклеарен проблем.

„Со претседателот Путин се согласивме уште повеќе да ја зајакнеме нашата стратешка комуникација за решавање на севернокорејските нуклеарни проблеми и други прашања“, изјави таа во саботата, 3 септември, по разговорите со претседателот на Русија во рамките на Источниот економски форум во Владивосток.

Според неа, ракетите на Северна Кореја можат да долетаат до Јужна Кореја за неколку минути. „За нас тоа е смртна закана“, потенцираше Пак Кун Хе, пренесува „Лента.ру“.

Ако Северна Кореја покаже „искрени намери да се откаже од нуклеарното оружје“, Сеул „со радост ѝ даде на Северна Кореја можност за постигнување мир и заеднички просперитет“.

Таа му се заблагодари на Путин за тоа што Москва „игра конструктивна улога во реализацијата на резолуциите на СБ ООН за одвраќање на Северна Кореја од понатамошни провокации“.

Претходно Путин изјави дека е потребно да се обноват преговорите за нуклеарното прашање на Северна Кореја. „Ние сме категорично против ширењето на оружјето за масовно уништување на планетата и ја повикуваме Северна Кореја да се придржува до усвоените одлуки од страна на меѓународната заедница и на ниво на ООН“, потенцираше рускиот претседател. Истовремено тој истакна дека потребно е да се дејствува крајно прецизно, „за да не се провоцира севернокорејското раководство“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња