„Доволно ќе биде само да ја цитирам веста што ја прочитав: потпретседателот на САД Џон Бајден бара од претседателот на Украина Петро Порошенко да го ослободи од должноста генералниот обвинител на земјата Виктор Шокин. Во спротивно се заканува дека ќе ја повлече позајмицата од една милијарда долари. Тоа ви е одговорот на прашањето дали и колку е Украина независна, суверена во вистинската смисла на зборот последниве 25 години“, изјави Захарова во студиото на руската телевизија „Лајф“.
Таа исто така додаде дека Џозеф Бајден постојано се јавува во Киев со вакви или онакви препораки и ја контролира власта во земјата.
„Знаеме дека господинот Бајден е на телефонска врска со Украина како со своја куќа, се јавува и по неколкупати неделно, наредува. И тоа се само разговори за кои официјално се соопштува. Можам сигурно да ви кажам дека поголемиот дел од разговорите останува во тајност. Со ситуацијата се управува рачно“, рече портпаролот на руското МНР.
Медиумите претходно пренесоа дека Петро Порошенко се согласил да го ослободи од должноста генералниот обвинител на Украина во замена за кредит од една милијарда долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче