Домашниот култ на личноста или како Сталин влезе во секоја куќа

Државен музеј на Истокот / Архивска фотографија / avito.ru
Советската пропагандна машинерија направи од шефот на државата водач на народот и „сонце што ја осветлува целата земја“. Сите нејзини жители беа должни да го сакаат и да се воодушевуваат од него, се разбира, секојдневно.

„Како и името на комунизмот, така и името твое стана секојдневен збор“

Така пишуваа за Сталин неговите сонародници, поетите од Грузија. Тие припаѓаа на групата бројни автори на „сталинијаната“, корпус на пропагандни уметнички дела кои го издигаа водачот до небото. На Сталин му подигаа споменици, градови, фабрики и улици беа именувани по него, се снимаа филмови, се пишуваа приказни и песни, се сликаа слики. Меѓутоа, покрај сето тоа, Сталин беше главниот лик на индустриското и занаетчиското производство, неговиот лик беше печатен на плакати, поштенски марки, календари, украсуваше чаршафи и дела од тантела. Во становите, училиштата и бројни други институции стоеја негови бисти.

Култот на личноста, замислен во 1929 година на големата прослава на педесеттиот роденден на Сталин, беше укинат дури во 1956 година на Дваесеттиот конгрес на партијата. Требаше да поминат повеќе од 20 години за да биде „сталинистичката“ продукција повлечена од оптек. Погледнете како изгледаа нештата што можеа да се сретнат во речиси секоја советска куќа.

Плакат „Напред другари во нови победи!“, 1930-ти.

Плакат „Слава му на големиот Сталин”

Плакат „Сталин - нашиот кормилар“, 1933.

Капетанот на земјата на Советите нé води од победа до победа!“

Плакат „За секој од нас се грижи Сталин во Кремљ“, 1940.

Плакат „Саканиот Сталин – среќата на народот”

Туркменски тепих со портрет на Сталин, 1936.

Туркменски тепих „Сталин на гости кај Ленин”, 1936-37

Вологодска тантела со истата тема „Сталин на гости кај Ленин“

Поштенска марка со значка „Лауреат на Сталинската награда“, 1946.

Поштенска марка со медал „За победата над Германија во Големата татковинска војна 1941-1945.“, 1946

Поштенска марка „Сесојузна парада на фискултурниците во Москва“, 1946

Биста на Сталин, Ленинградска фабрика за порцелан (15 см), 1949.

Биста на Сталин во бронза, 1938.

Бронзена фигурина на Сталин во шинел, 1938. 

Ѕидно пано, Каслинска фабрика за леано железо, 1950 година.

Монета, 1949 година.

Значка со ликот на Сталин.

Многу значки со ликот на Сталин.

Календари со ликот на Сталин.

Медали за победата над Германија (лево) и работа и храбра работа за време на Големата татковинска војна.

Пропаганден порцелан со ликот на Сталин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња