7 руски песни кои се пеат ширум светот

Јулија Волкова и Лена Катина од групата t.A.T.u

Јулија Волкова и Лена Катина од групата t.A.T.u

Getty Images
Од „Калинка“ до „Трололо“. Russia Beyond (RB) си направи своја листа на најпознатите руски песни на сите времиња. Погледнете и видете дали нешто недостасува.

Најпознатата руска песна со сигурност е „Калинка“. Често можете да ја слушнете во филмови кога има потреба да се внесе случаен контекст, поврзан со Русија. Оваа песна донекаде личи на Ајфеловата кула, кога сакате да им потскажете на гледачите дека дејствието се одвива во Париз.

Обично „Калинка“ се смета за народна песна, но си има автор – композиторот Иван Ларионов ја напишал пред повеќе од 150 години, уште во 1860 година.

Слично на „Калинка“, „Казачок“ со својот природен ритам може лесно да послужи за опис на „руски работи“.

Станува популарен во 1970-те години, кога бугарскиот пејач Борис Рубашкин ја пее на Запад. Таму тој ја компонира песната и создава танц на „Казачок“ по барање на француски издавач. И покрај бугарското потекло на пејачот, песната се смета за типично руска, со оглед на танцот кој може да се опише како типичен козачки танц.

„Дорогой длинною“ (По долгиот пат) првично е компонирана во Русија во 1920-тите, но станува позната на Запад во доцните 1960-ти под насловот „Those Were the Days“ (Тоа беа денови). За музиката на Борис Фомин е напишан нов текст. Изведена од Мери Хопкин и продуцирана од Пол Макартни, песната стана број еден во Обединетото Кралство. Руското потекло на музиката не се спомнува бидејќи се губи некаде по патот.

„Подмосковные Вечера“ (Подмосковски вечери) стана една од најпознатите руски песни во странство. Првично се вика „Ленинградски вечери“, но насловот се менува за потребите на еден документарец во е вклучена песната. Очигледно, ноќите во двата региони се доста слични, бидејќи промената е направена мошне лесно.

На почетокот песната останува незабележана, но неочекувано нејзините автори стануваат исклучително популарни во СССР. Се верува дека песната добива меѓународна слава откако ја презентира младиот американски пијанист Ван Клејборн, кој победи на Меѓународниот натпревар за пијано „Чајковски“ во Москва во 1958 година. Таа стана симбол на одмрзнувањето на руско-американските односи во тој момент.

„Катюша“ (нагалено од Екатерина) е напишана 1938 година, но станува многу популарна за време на Втората светска војна. Песната е за девојка која копнее за својот љубовник, се приклучува на армијата и е испратена да служи на далечната граница.

Велат дека една од причините за успехот на песната може да биде поврзана со фактот што „Катјуша“ е прекарот на советскиот повеќецевен ракетен фрлач – оружјето кое одигра важна улога во Втората светска војна.

Песната "All the Things She Said" (Сите нешта што ги кажа таа) на t.A.T.u. излезе во 2002 година и предизвика жешки дебати. Не поради музичките квалитети, туку поради младите девојчиња во училишни униформи кои се бакнуваат во видеото.

Синглот се најде на врвот на топ-листите во многу земји. Ова е единствената руска песна која се искачи на бројот 20 на американскиот Билборд Хот 100 (US Billboard Hot 100).

И, на крај – песната „Трололо“, која стана позната дури во 2009 година, кога беше поставена на YouTube, но е компонирана во далечната 1976 година. Вокалот е Едвард Хил, кој се проби на меѓународниот пазар дури кога веќе стана ѕвезда на залезот на својата кариера во Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња