Порошенко: Москва трепери пред нашето знаме

Претседателот на Украина Петро Порошенко на церемонијата за кревање на државното знаме во Киев изјави дека е неопходно да се врати украинскиот суверенитет во Донбас и Крим, но и дека разбира дека во моментов тоа е многу тешка задача за Киев.

„Неверојатно тешка задача за нас е да направиме нашето знаме повторно да се појави над Донецк, Луганск, над Симферопол, Севастопол“, рече Порошенко, пренесува РИА „Новости“.

„Не случајно Москва трепереше пред нашето знаме. Токму тоа кон крајот на 80-те го создаде национално-ослободителното движење на милиони Украинци, а империјата ја закопаа под акордите „Ще не вмерла“, додаде Порошенко, пренесува „Депо.уа“.

Претседателот на Украина исто така изјави дека по 25 години независност повеќе од 90% жители на земјата позитивно се однесува спрема украинскиот јазик. „Се разбира, би било подобро тоа да се сите 100%“, изјави Порошенко.

Укрaина денеска го слави Денот на државното знаме, a 25-годишнината од независноста земјата ќе ја прослави на 24 август.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња