Руските сили од воздушно-космичката одбрана во иднина ќе го засилат своето вооружување со противракета од голем дострел, изјави заменик-командантот на Воздушно-космичките сили на Русија генерал-мајор Виктор Гумјони, пренесува „Газета.ру“.
„Интензивно се работи на создавање противракета од голем дострел за пресретнување. Тоа ќе им овозможи на противвоздушните и противракетната одбрана секоја задача што ќе ја добијат од командантот и од министерот за одбрана да ја реализираат во бараниот рок“, изјави тој.
Претходно беше соопштено дека руското Воено воздухопловство во 2016 година ќе добијат неколку единици нова и модернизирана авиотехника, вклучувајќи ги хеликоптерите „Ансат” и школските борбени авион Јак-130.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче