Руски стратешки бомбардери Ту-22М3 и јуришни бомбардери Су-34 на 16 август првпат нанесоа удар врз позициите на милитантите на „Исламската држава“ во Сирија, полетувајќи од базата „Хамадан“ во Иран.
Фото: Руски Ту-22М3 во „Хамадан“ во Иран. Извор: Warfare Worldwide
Како што соопштува телевизијата „Русија 24“, Техеран даде зелено светло за користење на авиобазата. Москва исто така испрати барање до Иран и Ирак за користење на воздушниот простор за прелет на крстосувачките ракети истрелани од акваторијата на Каспиското море.
Според воениот аналитичар на ТАСС Виктор Литовкин, авиобазата „Хмејмим“ во Сирија не е адаптирана за стратешки воени авиони, затоа руското раководство се обратило до своите ирански партнери со барање за користење на нивниот аеродром.
„Првично летовите на Ту-22М3 се вршеа од аеродромот Моздок во Северна Осетија (1725 км јужно од Москва). На нивниот пат преку Каспиското море, Иран, Ирак и во текот на целото времетраење на летот во воздух се наоѓаше и танкер Ил-78. Секоја операција го чинеше скапо Министерството за одбрана на РФ“, изјави за „Руска реч на македонски“ воениот експерт.
Според него, Русија го изнајмила аеродромот за одреден временски период и тој нема да стане место на постојано базирање на руската авијација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче