Обидот за терористички напад на Крим е злосторство против државата и народот на Русија, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев.
„Според мене, тоа е несомнено злосторство против руската држава и народот на Русија кои живеат на дел од територијата – на Крим“, изјави Медведев, пренесува РТ на руски.
„Оваа диверзија, и покрај тоа што замислата не е реализирана до крај, во суштина е злосторство кое треба да биде истражено, а лицата кои учествуваа во него, како и организаторите, треба да сносат целосна кривична одговорност“, изјави премиерот.
Претседателот на руската влада изрази жалење поради тоа што властите на Украина, земја блиска на Русија, го одобриле обидот за диверзија на Крим.
„Можам само уште еднаш, како и Владимир Владимирович (Путин), да изразам жалење што раководството на земја која ни е блиска одобрило таков вид акција, и покрај тоа што со нив во моментов имаме сложени односи”, изјави премиерот на Русија.
Медведев истакна дека раководството на Русија би можело да донесе одлука за прекин на дипломатските односи со Украина, доколку Москва не би имала други инструменти за „отрезнување“ на Киев.
„Во однос на прекин на дипломатските односи, вие знаете дека во текот на историјата се случувало сешто. Потсетувам дека по извесните настани имавме прекин на дипломатските односи со Грузија“, изјави Медведев во Сочи.
„Не би сакал тоа да заврши така, но, ако немаме друг начин да влијаеме на ситуацијата, претседателот може да донесе таква одлука“, изјави рускиот премиер.
Медведев истакна дека „конечната одлука, се разбира, ќе ја донесе претседателот на земјата кој ја води надворешната политика на нашата држава“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче