Русија ја разгледува можноста за прекин на дипломатските односи со Украина по настанот од 7 август на Крим. Еден од можните одговори на Москва на потезите на Киев е затворање на дипломатското претставништво и отповикување на амбасадорот, соопшти извор од руските надворешнополитички кругови.
„Претседателот Владимир Путин изјави дека Русија нема да го остави без одговор она што се случи на Крим. Рускиот лидер ги обвини украинските власти дека преминале на терор наместо да ги решаваат конфликтите по мирен пат. Една од можните варијантите на остар одговор би бил прекин на дипломатските односи. Москва ја разгледува таа можност. Меѓутоа, последниот збор ќе го има шефот на државата кој ќе донесе одлука врз основа на собраните податоци“, изјави неименуван извор за „Известија”.
Според мислењето на заменик-претседателот на Комитет на Советот на Федерацијата за меѓународни прашања Владимир Џабаров, дипломатските односи меѓу Русија и Украина и денеска се мошне студени и имаат технички карактер. По обидот за терористички напад, како и обидот за убиство на претседателот на ЛНР Игор Плотницки и ескалацијата на конфликтот во Донбас, Москва мора да го преиспита својот однос спрема властите во Киев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче