По четвртиот ден во Рио Русија на петто место

Руската репрезентација го зазема петтото место со 12 освоени медали.

Руските спортисти четвртиот ден од 31 Олимписки игри во Рио де Жанеиро освоија еден златен и еден сребрен медал.

Злато освои џудистот Хасан Халмурзаев кој во финалето во категоријата до 81 килограми го победи Тревис Стивенс од САД, пренесува РИА „Новости”.

Сребро за Русија освои женскиот тим гимнастичарки во екипна конкуренција. Првото место им припадна на САД, а третото на Кина.

Вкупно во вторникот беа доделени 15 комплети медали: во веслање, скок во вода, коњички спортови, мечување, спортска гимнастика, џудо, пливање и атлетика.

Лидери во генералниот пласман се Американците кои освоија 26 медали. Руската репрезентација е петта со 12 медали.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња