Зошто да навивате за руската репрезентација на ОИ

EPA
Поради скандалот со допинг репрезентацијата на Русија замина во Рио во сосема намален состав. Познати спортисти за „Руска реч на македонски“ зборуваат за тоа зошто, без оглед на сите проблеми, треба да се навива за рускиите олимпијци во Бразил.

Андреј Кириленко, кошаркар, добитник на бронзена медала на Олимписките игри, шампион на Европа, сопственик на голем број индивидуални награди на НБА и на Евролигата:

Извор: Евгенија Новоженина/РИА НовостиИзвор: Евгенија Новоженина/РИА Новости

Мошне е едноставно. Ми се чини дека во нашата земја има многу топ-спортисти кои треба да се следат и за кои треба да се навива. Лично јас ќе навивам за нашата репрезентација, особено доколку се земат предвид сите тешкотии кои требаше да се надминат во последно време. За секој спортист одделно. И се надевам дека нашите олимпијци дома ќе донесат многу медали.

Евгенија Медведева, лизгачка, светска и европска шампионка во уметничко лизгање:

Извор: Владимир Песња/РИА НовостиИзвор: Владимир Песња/РИА Новости

Во Рио настапуваат суперѕвездите во синхронизирано пливање Наталија Ишенко и Светлана Ромашина, апсолутниот лидер во уметничка гимнастика Јана Кудрјавцева, мечувалката Софија Великаја, гимнастичарката Алија Мустафина... Овие луѓе никогаш немаат примано допинг и во текот на својата кариера имаат направено илјадници негативни допинг-тестови. Без нивното учество, Олимписките игри не би биле толку силни и привлечни.

Затоа, гледачите само добиваат од тоа што спортските власти донесоа одлука да се допушти нашата репрезентација во Рио. Штета што поради забрана на меѓународните федерации на Олимпијадата нема да настапат (пливачката) Јулија Ефимова, (скокачката со стап) Елена Исинбаева и (спринтерот со пречки) Сергеј Шубенков. Тие долго се подготвуваа за заминувањето и сега ќе треба да ги гледаат Игрите на телевизија. Нив може само да ги сожалиме и да им посакаме трпение.

Павел Буре, добитник на сребрен и на бронзен медал на Олимписките игри, добитник на „Колдер трофеј“ и на „Морис Ришар трофеј“, член на салата на славата на НХЛ:

Извор: Артјом Геодакјан/TAССИзвор: Артјом Геодакјан/TAСС

Од Русија во Рио ќе заминат исклучиво чисти спортисти, кои немаат минато со допингот, а годинава беа проверувани од страна на акредитирани лаборатории на WADA под лупа. Нашата репрезентација е најтранспарентна на овие Игри, така што љубителите на завери и конспирации треба да го вклучат здравиот разум и да ја погледнат статистиката.

Во последниот извештај на WADA за 2014 година Русија е на 53 место во рејтингот на најактивни нарушувачи на правилата за допинг. Процентот на позитивни тестови кај нас е 0.9% во споредба со САД каде е 0.7%. Притоа ниту еден руски спортски чиновник не зборува за тоа дека во Русија нема проблеми со допинг. Тие постојат, со нив се борат, но во други земји спортистите исто така консумираат забранети препарати.

Елена Исинбаева, лесноатлетичарка, двократна олимписка шампионка, трикратна светска шампионка, сопственичка на светски рекорд во скок со стап (5 метри и 6 сантиметри):

Извор: Михаил Климентјев/РИА НовостиИзвор: Михаил Климентјев/РИА Новости

Нашата репрезентација секогаш игра според правилата и се придржува кон принципите на чесна игра во секоја ситуација. Историјата познава мноштво случаи кога нашите спортисти отворено биле заслужни, но дури и во такви ситуации ние не сме се жалеле, ами се продолжувале со работа со двојна сила.

Колку чини приказната со (гимнастичарот) Алексеј Немов на Олимпијадата во Атина (2004 година). Тогаш целата сала 15 минути ги исвируваше ниските оценки на судиите, а Алексеј се обидуваше да ги смири. Затоа за руските спортисти треба да се навива секаде и секогаш. Ние сме силна нација и нам не ни е потребен допинг.

Приказната, пак, со отстранувањето на нашите спортисти е преувеличена. Целосно, но службениците на МОК повеќе му веруваат на професорот (Григориј Родченков), кој беше отстранет од работата за злоупотреба на службената должност, а не на олимписките шампиони и заслужени спортисти.

Марат Сафин, тенисер, поранешен прв рекет, победник на два Гренд Слем турнири, член на големата сала на тениската слава:

Извор: Антон Денисов /РИА НовостиИзвор: Антон Денисов /РИА Новости

Ќе навивам за нашата репрезентација како патриот на својата земја. А, зошто за нашата репрезентација треба да навиваат и од другите земји ми е тешко да кажам. Обично навиваат или з своите спортисти или за суперѕвезди.

Во репрезентацијата на Русија нема суперѕвезди. Шарапова, Исинбаева, Ефимова нема да заминат на Олимпијадата.

Мојот однос кон скандалот со допинг? Многу пати сум зборувал дека не треба во ова прашање да се бара надворешен непријател. Неопходно е да ја измениме целата структура на спортот: да обучуваме детски тренери, да им се даде конкурентна плата, да се развива спортската инфраструктура во регионите, да се подобрат условите за тренинг, да се зафатиме со фармакологијата... Многу работи треба да се сменат. Се надевам дека сиве овие скандали пред Рио ќе ни помогнат да се замислиме за сите наброени проблеми.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња