Си-Ен-Ен: Русите пречекани со овации во Рио и покрај допинг-скандалот

На Парадата на нациите на церемонијата на отворањето на Олимписките игри 2016 во Рио беа претставени повеќе од 200 земји, вклучувајќи ја и репрезентацијата на Русија. Гледачите ги пречекаа руските спортисти со овации, соопштува американската телевизија Си-Ен-Ен.

„На чело на тимот на САД одеше со стил Мајкл Фелпс во боите на националното знаме: црвена, бела и сина. По нив одеа Русите.  Интересен момент, кој и покрај споровите и сомневањата за примена на допинг (од страна на Русите) беше пречекан со аплаузи од масата“, ја пренесува ИноТВ информацијата на американската телевизија.

Во саботата во Рио де Жанеиро почнаа XXXI летни Олимписки игри кои за првпат се одржуваат во Јужна Америка. Во Олимпијадата ќе земат учество спортисти од 207 земји кои ќе се бора за 306 медали, што претставува рекорд.

Првиот ден од натпреварувањата Русија веќе освои златен медал: џудистот Беслан Мудранов победи во категоријата до 60 кг. Исто така, со добар стар се покажаа и руските одбојкарки и тенисерки.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња