Вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин соопшти дека концернот ВКО „Алмаз-Антеј“ изработил ракети од нова генерација за воената морнарица и копнените сили на Русија. Ова тој го напиша на својот профил на Твитер.
„Концернот „Алмаз-Антеј“ ги презентираше на колегиумот на ВПК (Воено-одбранбениот комплекс) резултатите од тестирањата на семејството противвоздушни ракети од нова генерација за ВМФ и Копнените сили“, се вели во соопштението што го пренесува „Газета.ру“.
Други детали Рогозин не сооопшти.
Претходно беше објавено дека Министерството за одбрана на Русија го добило вториот полк годинава на ракетни системи С-400 „Триумф“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче