Резервите на Русија во странство во јули пораснаа на 393,9 милијарди долари

Резервите во странство на Руската Федерација според состојбата на 1 август 2016 година изнесуваа 393,912 милијарди долари, соопшти Банката на Русија.

Резервите во странство на Руската Федерација според состојбата на 1 август 2016 година изнесуваа 393,912 милијарди долари наспроти 392,756 милијарди долари на 1 јули, соопшти Банката на Русија, пренесува РИА „Новости“.

На тој начин, резервите во јули се зголемија за 1,156 милијарди долари, или за 0,29%.

Странските (златни) резерви на РФ претставуваат високоликвидна странска актива која е во сопственост на Банката на Русија и владата на РФ. Резервите се состојат од монетарно злато, специјални права за позајмување, резервна позиција во ММФ и средства во странска валута (друга резервна актива).

Во 2015 година странските резерви на РФ се намалија за 4,4% - на 368,4 милијарди долари. Историскиот максимум резервите го достигнаа на почетокот на август 2008 година – тогаш изнесуваа 598 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња