Американците згрозени од љубовта на Русите спрема „чоколатцата од крв“

Сергеј Фролов, sfrolov.livejournal.com

Американскиот новинар Марк Хеј резултатите од своето истражување посветено на чоколатцата хематоген, во Русија, инаку, многу популарна слатка, ги објави на онлајн медиската платформа Vice во текст под наслов „Како Русија се вљуби во слатките чоколатца од крв“.  

Во статијата хематогенот се нарекува производ создаден од „економичност, прагматизам и централно контролирано производство и дистрибуција“.

Најмногу од сѐ го шокирало новинарот тоа што хематогенот се произведува од крв на крупен рогат добиток. Како што наведува Хеј, многу советски граѓани не знаеле што јадат всушност, а некои и понатаму ги чуди потеклото на познатиот производ. Судејќи според сѐ, во советско време овие плочки биле алтернатива на скапите слатки, како што е, да речеме, чоколадата, напоменува тој.

Во статијата на американскиот новинар научниците Марија Пироговска и Анастасија Лахтикова изјавиле дека мајка им често им давала чудно чоколатце, купено во аптека. Слатката се сметала за корисен додаток на исхраната, а децата ја сакале поради слаткиот вкус и додатокот од концентрирано млеко. Хеј истакнува дека хематогенот долго и масовно се произведувал и дека многумина производители на постсоветскиот простор и ден-денес го карактеризираат како одлично средство против настинка, анемија и безживотна боја на лицето.

Хематологот Томас де Лугери изјави дека една плочка хематоген содржи околу десет милиграми железо што е препорачана доза за деца, а фактот дека овој микроелемент е создаден од вистинска крв го нарече „бонус“, велејќи дека „подобро се апсорбира од железото во таблети“, се наведува во текстот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња