Руската армија поседува ласерско оружје

Некои видови ласерско оружје веќе ѝ се испорачани на руската армија, изјави заменик-министерот за одбрана на РФ Јуриј Борисов.

Говорејќи во вторникот, 2 август, на свечената манифестација посветена на 70-годишнината од Рускиот федерален нуклеарен центар – Серускиот научно-истражувачки институт за експериментална физика во Саров, Борисов истакна дека во моментов е реалност оружјето врз нови принципи на физиката, пренесува „Взгљад“.

„Тоа не е егзотика, не се експериментални, пробни примероци – ние веќе добивме во вооружувањето одделни примероци ласерско оружје“, изјави Борисов.

Оружјето врз нови физички принципи (ОНФП) е оружје кое се темели на физички процеси и појави и кое не е претходно користено како конвенционално (ладно, огнено) или како оружје за масовно уништување (атомско, хемиско, бактериолошко). Терминот е со условен карактер, затоа што во повеќето случаи во примероците на ОНФП се користат извесни физички принципи, а новото е во нивната примена како оружје. Во зависност од принципот на дејствување, се разликуваат следниве видови ОНФП: ласерско, радиофреквенциско, со снопови, кинетичко оружје и други видови оружја.

Претходно Борисов соопшти дека ОНФП во значителна мера ќе го дефинира обликот на руските Вооружени сили во рамките на новата државна програма за вооружување до 2025 година.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња