Американскиот државен секретар Џон Кери во Москва стана прилично чест гостин и сѐ почесто покажува подготвеност за соработка. Како што соопштија медиумите за време на неговата последна посета, Кери ѝ предложил на Русија идеја за создавање заедничка американско-руска група за размена на оперативни информации и интелигенција, за „синхронизација“ на операциите против милитантите, истакнува весникот.
Меѓутоа, Москва тешко може да ја заинтересира таквиот предлог, затоа што заедничко учество во мирното регулирање на процесот подразбира партнерски односи меѓу двете земји, што значи не може да се реализира во услови на антируски санкции. И сосема е можно дека САД наскоро ќе бидат подготвени да ги укинат во замена за заеднички план за Сирија, пишува изданието.
Русија ги има сите причини за оптимизам во однос на ова прашање, затоа што позицијата на Вашингтон од неодамна стана мошне флексибилна. Само пред една година САД категорично отфрлаа било каква идеја за соработка со Русија во конфликтот на Блискиот Исток. Но, оттогаш многу нешта се променија – руското учество во решавањето на кризата ја покажа својата ефикасност, а Вашингтон ја сфати својата немоќ во оваа криза, нагласува весникот.
Покрај тоа, единството на ЕУ за продолжувањето на санкции се распаѓа, особено откако САД се фокусираа на Сирија и го префрлија решавањето на украинската криза врз Германија. Така, Москва има причина да верува дека руската помош во решавањето на Блискиот Исток ќе влијае како на позицијата на Вашингтон, така и на Берлин, заклучува „Вол Стрит Џурнал“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче