Американскиот противракетен систем THAAD во Јужна Кореја нема да биде насочен против трети земји, изјави во понеделникот јужнокорејскиот министер за надворешни работи Јун Бјунг-Се во врска со протестите на владите на Русија и Кина.
Како што пренесува агенцијата Рјонхап, Јун Бјунг-Се изјави дека плановите кои беа соопштени минатата недела за распоредување систем за пресретнување на ракети „не се насочени против Кина, Русија или други трети земји“.
Говорејќи во парламентарниот комитет за надворешна политика и национално обединување, Јун Бјунг-Се објасни дека јужнокорејската „влада при првата можност им го разјасни ова на соседните земји“. „На пример, што се однесува до Кина и Русија, по објавувањето во февруари за можноста за распоредување на THAAD потенциравме дека поаѓаме од правото на самодобрана од севернокорејското нуклеарно вооружување и балистичките ракети кои секојдневно се зголемуваат“, изјави Јун-Бјунг-Се.
Сппред него, владата во Сеул и во иднина ќе ја брани потребата од системот THAAD.
На распоредувањето на системот реагираше официјална Москва.
„Таквите постапки, без оглед какво е нивното објаснување, имаат многу негативно влијание на глобалната стратешка безбедност, за чие придржување толку често се дискутира од страна на Вашингтон“, изјави Министерството за надворешни работи на Русија на 8 јули. „Тие исто така можат да доведат до ескалација на тензиите во регионот, до нови проблеми за решавање на акутните проблеми на Корејскиот полуостров, вклучувајќи ја и задачата за негова денуклеаризација“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче