РФ може да распореди ракети на истокот како одговор на ПРО во Кореја

Русија може да распореди на истокот на земјата ракетни единици со радиус на ракетите до зоните на распоредување на системите за ПРО во Јужна Кореја, изјави на шефот на одбранбениот комитет на Советот на Федерацијата Евгениј Серебреников.

Русија може да распореди на истокот на земјата ракетни единици со радиус на ракетите до зоните на распоредување на системите за ПРО во Јужна Кореја, изјави за РИА Новости во петокот првиот заменик на шефот на одбранбениот комитет на Советот на Федерацијата Евгениј Серебреников.

Претходно медиумите повикувајќи се на изјава на Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопштија дека Вашингтон и Сеул се договориле за распоредување на Корејскиот полуостров системи за противракетна одбрана. Во документот се потенцира дека ПРО нема да има други цели освен ракетите на Северна Кореја.

„Ние ќе ја имаме предвид одлуката за распоредување на ПРО од страна на Американците во Јужна Кореја при нашето воено планирање. Заедно со Министерството за одбрана на РФ ќе бидат изработени конкретни решенија за засилување на влијанието во таа насока, вклучително и по пат на распоредување на ракетни и копнени единици“, изјави Серебреников.

Тој потенцираше дека единиците можат да бидат распоредени на секое место „имајќи го предвид радиусот на ракетите за достигнување на зоната на распоредување на ПРО во Јужна Кореја“.

Серебреников не исклучува дека претходните планови за обнова на воената база на Курилските острови, со цел распоредување на ПРО, „можат да бидат поместени за поблиско време“.

Серебреников исто така истакна дека веќесе преземаат мерки за зголемување на безбедноста на Русија од можни закани. Така, тој пред неколку дена присуствуваше на активностите за распоредување на ракетен пол под абакан во Хакасија.

Говорејќи во целина за одлуките кои можат да бидат донесени од страна на Русија заради зголемување на својата безбедност, Серебреников потенцира дека „тоа е цел пакет мерки кој ќе биде изработен од Генералштабот (на ВС РФ)“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња