МНР РФ со коментар за самитот на НАТО

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова истакна дека обидите за „демонизација” на Русија попримаат „потполно хипертрофирани форми”.

НАТО ги игнорира негативните последици на забрзаната реализација на плановите за европскиот систем за противракетна одбрана, се наведува во коментарот на портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова по повод исходот од самитот на НАТО во Варшава. Таа додаде дека претставниците на НАТО како да не сфаќаат на какви ризици е изложен целиот систем на евроатлантската безбедност.

„Притоа и понатаму свесно се игнорираат  долгорочните негативни последици и ризици за целиот систем на евроатлантската безбедност кои настануваат како последица на намерните потези на Вашингтон и Брисел насочени кон промена на постојната рамнотежа во светот, вклучувајќи ја и забрзаната реализација на противракетните планови на САД/НАТО во Европа”, се наведува во документот што го пренесува „Взгљад”.

Захарова истакнува дека обидите за „демонизација“ на Русија „со цел да се оправдаат потезите во сферата на воената изградба и да се отргне вниманието од деструктивната улога на Алијансата и одделни нејзини сојузници во предизвикувањето кризи и одржувањето на жариштата на затегнатост во различни региони на светот“ попримаат „потполно хипертрофирани форми”.

Претходно на 23 јуни Захарова изјави дека, според мислењето на Москва, во прашањата за ПРО можат да бидат најдени решенија кои ги задоволуваат двете страни и ги земаат предвид интересите на безбедноста и на Русија, и на САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња