Меѓународниот конкурс за фотографија „Музеј.Дијалог“, организиран од Добротворниот фонд на Владимир Потанин, почна со примање на пријавите. За учество се покануваат фотографи – професионалци и аматери од сите страни на светот кои направиле фотографии во провинцијалните руски музеи-учесници во програмата за грантови на фондот (вкупно 359 од Калининград до Владивосток).
Фонд веќе 17 години дава поддршка на руските музеи во нивните стремежи кон промена. Целта на музејските програми на фондот е да се адаптираат музеите на условите на современиот свет и поддршка на најдобрите примери за музејско работење во Русија.
Натпреварот „Музеј.Дијалог“ им нуди на учесниците да ги претстават тие музи со помош на фотографијата. „Учесникот во натпреварувањето не треба да се занимава со фотофиксација на некој предмет од музејската колекција или активноста во музејот, но треба да создаде и презентира на натпреварот визуелен одраз на смислата и содржината на промените кои се случуваат во музејот и неговата надворешна средина“, истакнуваат организаторите.
За учество натпреварот се примаат фотографии според номинациите „Музеј: дијалог со околната средина“, „Музеј: дијалог со нова публика“, „Музеј: дијалог со професионалец“. Има и специјална номинација „Музејско селфи“. Секој автор може да испрати 3 проекти (1-3 фотографии во проектот).
Пријавите за учество во конкурсот во слободна форма се примаат до 30 септември на електронската адреса на администраторот design@photounion.ru
Условите за учество на конкурсот можете да ги најдете на следниов линк:
http://english.fondpotanin.ru/press/news/2016-06-10/9370968
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче