Американски генерал го истакнува професионализмот на руските пилоти

Командантот на ВВС САД во Европа и Африка, генерал Френк Горенц високо го оцени професионализмот на руските пилоти.

Командантот на ВВС САД во Европа и Африка, генерал Френк Горенц високо го оцени професионализмот на руските пилоти, истакнувајќи притоа дека постапките на одделни посади „предизвикуваат прашања“, пишува „Ер Форс Тајмс“.

„Ние често се соочуваме со Русите во меѓународниот воздушен простор. Повеќето од нивните пресретнувања остануваат професионални, но одвреме-навреме никнуваат прашања по повод постапките на одделни посади, кога сакаме да извикаме „Што прават тие?“, изјави генералот.

Основна загриженост кај Пентагон предизвикува максималното доближување на ловците на Воено-комсичките сили на РФ до американските авиони. На пример, во јануари годинава руски Су-27 се доближи до извидувачки авион RC-135U кој, според изјавата на САД, реализирал „обичен лет“ над Црното море на 30 милји од брегот на Русија. Исто така беше соопштено дека на крајот на април крај брегот на Камчатка МиГ-31 полетал да пресретне патролен авион P-8 „Посејдон“ на ВМС САД. Тогаш Министерството за одбрана на САД ги нарече постапките на руските пилоти „небезбедни и непрофесионални“.

Во текстот исто така се цитираат зборови на неименуван претставник на Военото воздухопловство на САД кој изјавува дека американските пилоти учат како да се однесуваат во случај на пресретнување. На пример, пилотите треба да се откажат од секакви маневри, да го продолжат летот според планираната маршрута и да демонстрираат „максимална предвидливост“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња